Достапни линкови

Радијација детектирана во Масачусетс


Здравствените работници во источната американска држава Масачусетс изјавија дека радијација била детектирана во водата од дождот што потекнува во најголем дел од јапонскиот нуклеарен систем, кој е одалечен повеќе од десет илјади километри од Масачусетс. Официјални претставници кои го потврдија ова не очекуваат какви било последици врз здравјето на луѓето со оглед на констатираното ниво на радијација. Американските држави Невада, Калифорнија, Хаваи, Колорадо и Вашингтон исто така потврдија присуство на радијација од јапонскиот реактор. Официјални претставниции соопштија дека и ова ниво не очекуваат да има здравствени ризици.
XS
SM
MD
LG