Достапни линкови

logo-print

САД ќе отстапат од челната позиција во мисијата во Либија


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Соединетите американски држави оствариле поголем дел од целите во Либија, и додаде дека неговата земја наскоро ќе се тргне од водечката позиција во меѓународната коалиција. „Не сме виделе ниту еден од авионите на Гадафи да прелета откако почна мисијата. Го супресиравме неговите воздушни одбрани“ изјави Гејтс и дополни: „Сега, забраната за надлетување и хуманитарните аспекти ќе мора да се почитуваат извесно време“. Од француската армија потврдија дека до сега биле уништени пет авиони и два хеликоптери на либијската војска.
Воздушните напади на меѓународната коалиција им дозволија на бунтовниците повторно да освојат одредени делови од земјата кои претходно ги контролираа силите лојални на Гадафи. Анти-владините демонстранти напреднале до градот Ајдабија, во западниот дел на земјата, проближувајки се кон Бенгази, населено место кое пред последната офанзива на либијската војска беше центар на бунтовничкото движење. Приврзаниците на опозицијата дополнително потврдија дека повторно го контролираат пристаништето во Брега. Портпарол на Владата на Гадафи потврди дека нови судири меѓу војската и бунтовниците се случувале на патот меѓу Ајдабија и Сирт, родното место на либијскиот лидер.
XS
SM
MD
LG