Достапни линкови

logo-print

Рикер: Македонија има природен потенцијал, но мора во светот да се дознае за тоа


Во рамките на проектот „Откриј ја Македонија“ денеска беа промовирани туристичките и природни потенцијали, како и културно-историските традиции и вредности на Тетово и Попова Шапка. Министерот за економија Фатмир Бесими заедно со амбасадорите на САД и ЕУ Филип Рикер и Питер Соренсен ги посетија уметничката галерија и Шарената џамија во Тетово, а потоа беа на скијање на Попова Шапка. Според амбасадорот на САД, туризмот е една од главните гранки во светот според приходите. „Македонија има природен потенцијал, но мора во светот да се дознае за тоа и тука секој треба да придонесе. Како на пример за да се зачува чистотата и заштитата на околината, а ние ќе го направиме нашиот дел и ќе ги охрабриме граѓаните од нашите држави да дојдат и да ги видат убавините на Македонија“ рече Рикер. Амбасадоорт на ЕУ Соренсен потенцираше дека во рамките на можностите преку регионалните програми ЕУ ќе и помогне на Македонија за развој на оваа гранка бидејќи, ккао што рече, туризмот е клуч за развој на државата.
XS
SM
MD
LG