Достапни линкови

logo-print

Кувајт ќе посредува меѓу власта и опозицијата во Бахреин


Најголемата шиитска опозициска група во Бахреин ја прифати понудата на Кувајт за посредништво во разговорите со властите во кралството околу политичката криза во земјата. На 16 овој месец во Бахреин прекинаа протестите откако кралот прогласи вонредна состојба и ја предаде контролата во земјата на војската. Демонстрациите на шиитското мнозинство се одржуваа во знак на незадоволство од владеењето на сунитската монархија.
XS
SM
MD
LG