Достапни линкови

Протест против скапите бензини во Бугарија


Во Софија денеска беше одржан протест поради високите цени на горивата, а главните булевари беа за кусо време блокирани. Истовремено протести беа одржани и во Бургас, Сливен и Благоевград. Бугарите протестираат против високите акцизи на бензините и дизел горивото, и бараат тие да се намалат од 20 на 12 отсто за да биде цената на бензинот пониска од едно евро. Првиот протест беше одржан пред две недели и тогаш беше блокирана Софија како и автопатот Софија-Варна.
XS
SM
MD
LG