Достапни линкови

Премиерот на Пакистан во посета на Индија за полуфинален натпревар во крикет


Премиерот на Пакистан Јосуф Раза Гилани најави дека ќе отпатува за Индија каде ќе го следи полуфиналето на Светкиот куп во крикет. Мечот се одржува во среда, а на теренот ќе се соочат екипите од Пакистан и Индија. Тимови од двете земји за прв пат учествуваат на заеднички спортски настан по нападите во Мумбаи во 2008 година, предизвикани од пакистански милитанти. Во тогашните инциденти загинаа 160 лица. Премиерот Гилани денеска преку соопштение потврди дека ја прифатил поканата на својот индијски колега Манмохан Сингх за присуство на мечот.
XS
SM
MD
LG