Достапни линкови

Талибанците киднапирале педесетмина полицајци во Авганистан


Полицајци на обука во провинцијата Хелманд

Полицајци на обука во провинцијата Хелманд

Талибанските милитанти соопштија дека киднапирале педесетмина авганистански полицајци. Од полицијата во провинцијата Кунар ја потврдија информацијата. Полицајците биле киднапирани на враќање од провинцијата Нуристан, каде биле да подигнат плата. Станува збор за педесет лица кои неодамна завршиле со образование и обука и било предвидено да им се прклучат на полициските сили. Талибанските милитанти ги интензивираа нападите против вооружените сили во услови кога западните сојузници се подготвуваат да ја предадат одговорноста за безбедноста во земјата на авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG