Достапни линкови

Ослободени уапсените демонстранти во Сирија


Властите во Сирија денеска ја ослободија Дијана Јавабра, бунтовничка чие апсење ги разгори демонстрациите во градот Дара во југот на земјата. Вчера полицијата ослободи уште 260 затвореници кои беа приведени за време на немирите во кои, како што тврдат демонстрантите, загинале 126 лица. Од власта, пак соопштија дека во протестите кои избиваат веќе две недели, загинале 27 лица од кои 20 биле демонстранти. Во меѓувреме, сиријски воени единици биле распоредени во Латакиа, откако две лица загинаа во анти-владини демонстрации во градот. Активисти сведочат дека безбедносните сили вчера стрелале кон демонстрантите кои го нападнале седиштето на владеачката партија во градот. Од Владата, пак, тврдат дека полицијата реагирала во самоодбрана против вооружена група. Инцидентот се случи по немирите во петокот во кои 20 лица загинаа протестирајки против владеењето на претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG