Достапни линкови

Лидерска средба во Јемен по неколкунеделни антивладини протести


од протестите во Јемен

од протестите во Јемен

Владеачката партија во Јемен и претседателот Али Абдула Салех денеска ќе одржат разговори за кризата во земјата, со цел прекинување на неколкунеделните анти-владини протести. Демонстрантите бараат крај на 32 годишното владеење на претседателот, кој денеска треба да ги информира неговите сопартијци за разговорите со опозицијата. Доцна вчеравечер Салех изјави дека е подготвен да се повлече „со достоинство“. Претседателот беше клучен сојузник на Соединетите американски држави и на Саудиска Арабија во борбата против огранок на терористичката Ал Каеда базиран во Јемен.
XS
SM
MD
LG