Достапни линкови

Сиријската војска распоредена во Латакиа по убиството на двајца демонстранти


Сиријски воени единици биле распоредени во Латакиа, откако две лица загинаа во анти-владини демонстрации во градот. Активисти сведочат дека безбедносните сили вчера стрелале кон демонстрантите кои го нападнале седиштето на владеачката партија во градот. Од Владата, пак, тврдат дека полицијата реагирала во самоодбрана против вооружена група. Инцидентот се случи по немирите во петокот во кои 20 лица загинаа протестирајки против владеењето на претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG