Достапни линкови

logo-print

Двајца милитанти загинаа во појасот Газа


Двајца палестински милитанти загинале во воздушен напад на израелските воени сили во северниот дел на појасот Газа, потврдија болнички извори и припадници на Хамас. Израелските власти допрва се очекува да го потврдат инцидентот. Нападот се случува еден ден откако од Хамас понудија прекин на огнот, доколку Израел се согласи на тоа. Петмина милитанти и четворица цивили загинаа минатата недела во напад на изралеките воени сили. Изралеките власти соопштја дека нападот бил одговор на испуканите 40 ракети кон еврејската држава.
XS
SM
MD
LG