Достапни линкови

Нови протести во Лондон против мерките за штедење


Нови протести се одржуваат денеска во главниот град на Британија, јавија медиумите. Демонстрантите втор ден ќе протестираат против мерките за штедење кои ги усвои власта за намалување на буџетскиот дефицит. Кратењето на расходите за јавната администрација вчера предизвика илјадници луѓе да излезат на протести во Лондон. Насобраните фрлале шишиња со амонијак кон полициските сили и кршеле излози на продавници на улицата „Оксфорд“ во централното гратско подрачје. Како што јави телевизијата „Си–Ен–Ен“, во немирите биле уапсени 200 лица, а осумдесетмина биле повредени.
XS
SM
MD
LG