Достапни линкови

Апел за решавање на проблемот со невработеност на безбедносни кадри


Форумот за безбедност апелира да се реши проблемот со невработеноста на лицата во Македонија кои имаат завршено високо образование од областа на безбедностa. Преку соопштение организацијата наведува дека во државава веќе подолго време постојано се зголемува бројот на дипломирани студенти од областа на безбедноста кои по нивното дипломирање не се работно ангажирани во државните и приватните безбедносни институции и агенции. Со тоа, наведува Форумот, се генерираат повеќе сериозни општествено негативни последици. „Ваквата ситуација оневозможува оптимализација на оној дел од националниот систем на едукација кој се однесува на безбедносно-образовната област, при што се деформира и самиот процес на остварување на мисијата и глобалната цел на едукативните проекции во областа на безбедноста“ се наведува во соопштението на организацијата.
XS
SM
MD
LG