Достапни линкови

Напредуваат бунтовниците во Либија


Воздушните напади на меѓународната коалиција им дозволија на либијските бунтовници повторно да освојат одредени делови од земјата кои претходно ги контролираа силите лојални ла лидерот Муамар Гадафи. Анти-владините демонстранти се пробиле до градот Ајдабија, во западниот дел на земјата, приближувајки се кон Бенгази, населено место кое пред последната офанзива на либијската војска беше центар на бунтовничкото движење. Приврзаниците на опозицијата дополнително потврдија дека повторно го контролираат пристаништето во Брега. Претходно, американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалициските сили постигнале значаен успех во охрабрувањето на резолуцијата на Обединетите нации за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG