Достапни линкови

Трет пораз на Македонија во квалификациите за ЕП


Македонската фудбалска репрезентација вчравечер на стадионот „Авива“ во Даблин загуби од Република Ирска со 2:1 во натпревар од 5 коло од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и во Украина. Уште во втората минута Ејдн Мекгиди, го најави третиот пораз на Македонија во овој циклус на квалификации. Во 21-минута Роби Кин зголеми на 2:0, а голот за македонската селекција го постигна Иван Тричковски во 45 минута.

Во групата А, покрај овој натпревар се одиграа и средбите: Ерменија – Русија 0:0 и Андора – Словачка 0:1.

На табелата сега прва е Република Ирска со 10 бодови, колку што имаат и второ и третопласираните Русија и Словачка. Ерменија е четврта со 8, а Македонија петта со 4 бодови, додека последнопласираната Андора е без освоен бод.
XS
SM
MD
LG