Достапни линкови

СДСМ ги толкува ревизорските извештаи како што сака, реагира ВМРО ДПМНЕ


Скопје 2014

Скопје 2014

ВМРО-ДПМНЕ ги оквалификува како лага тврдењата на потпретседателката на СДСМ Ана Павловска-Данева на денешната прес-конференција во врска со потрошените пари за објектите од проектот Скопје 2014 и истакнува дека станува збор за транспарентни и законски постапки. „Вистината е дека изградбата на објектите за кои што говори Ана Павловска-Данева се спроведени во транспарентна постапка, со учество на јавноста. Притоа се почитувани и законот за градба и детално урбанистичкиот план за тоа подрачје, како и законот за спомен обележја“ наведува ВМРО-ДПМНЕ во писемената реакција на прес-конференцијата на СДСМ.
XS
SM
MD
LG