Достапни линкови

СДСМ: Власта потрошила 2,750 милиони евра за сеуште неизградени споменици


дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“

дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“

Опозициската СДСМ денеска обвини дека власта во изминатите две години потрошила 2 милиони и 750 илјади евра за сеуште неизградени споменици. Обвинувањето го изнесе на прес-конференција потпретседателката на опозициската партија Ана Павловска-Данева, повикувајќи се на извештај на Државниот завод за ревизија, кој, според неа, во случајот, „утврдил нетранспарентно и незаконско работење, склучување договори во четири очи, неколкукратно зголемување на првичната вредност на авторските хонорари на авторите на Скопје 2014.“. Павловска Данева ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и останатите надлежни институции сериозно да го испитаат случај и да ги повикаат на одговорност инволираните лица.
XS
SM
MD
LG