Достапни линкови

Сиријскиот претседател наредил повлекување на вооружените сили од Дара


Претседателот на Сирија Башар Асад нареди повлекување на полицијата и војниците од центарот на градот Дара во југот на земјата, каде демонстранти се судираа со припадниците на безбедносните сили во последниот од серија протести кои избиваат веќе неколку недели. Вооружените сили се повлекле кон влезот од градот, јавија новинските агенции, повикувајки се на изјавите на очевидци. Во петокот сиријските вооружени сили стрелаа кон демонстранти. Медиумите јавуваат за жртви во неколку сиријски градови каде се одржувале демонстрации.
XS
SM
MD
LG