Достапни линкови

Седуммина загинати во напад на НАТО во Авганистан


Седуммина цивили загинале во напад на хеликоптер на НАТО во провинцијата Хелманд во Авганистан. Леталото на Алијансата испукало ракети кон две возила, под сомнение дека се автомобили на талибанските милитанти. Во нападот загинале двајца мажи, две жени и три деца, кои биле во трето возило, близу двете нападнати коли, изјави денеска гувернерот на јужната провинција Мухамед Гулаб Мангал. НАТО го потврди инцидентот, но за сега не дава информации за бројот на жртви.
XS
SM
MD
LG