Достапни линкови

ДПА ќе се врати во собранието, потврди лидерот на партијата Тачи


Мендух Тачи

Мендух Тачи

По околу две години бојкот, пратениците на ДПА наскоро ќе се вратат во Собранието, најави денеска претседателот на партијата Мендух Тачи. Одлуката се очекува да биде донесена попладнево на седница на Централното претседателство на партијата. „Ќе дискутираме и ќе донесеме одлука да се вратиме. Парламентот не само што не беше функционален, туку беше и нелегитимен. Ќе се вратиме да го прекинеме циркусот што се случуваше овие два-три месеци и да докажеме дека сме подготвени да одиме на избори“ изјави Тачи. Тој додаде дека ДПА останува на барањето меѓународната заедница засилено да ги набљудува изборите, и тоа не само на денот од нивното одржување туку и целиот изборен процес.
XS
SM
MD
LG