Достапни линкови

Втора недела од бомбардирањата врз Либија


Меѓународната воена акција против либијскиот лидер Моамер Гадафи, влегува во втората недела, откако синоќа повторно беа бомбардирани позиции на силите лојални на Гадафи. Вчера на акцијата и се приклучи и Катар со два воени авиона, со што е прва арапска земја која учествува во воената интервенција. Африканската Унија, која се противи на воената мисија, соопшти дека ќе покрене иницијатива за започнување преговори за запирање на конфликтот. Во меѓувреме, претствник на либијското министерство за здравство соопшти дека досега во бомбардирањата загинале 114 луѓе, не прецизирајки колку од нив се војници или цивили.
XS
SM
MD
LG