Достапни линкови

logo-print

Брегот на Слонова Коска пред граѓанска војна?


Американскиот претседател Барак Обама го повика Лаурент Гбагбо да се повлече од претседателската функција во Брегот на Слонова Коска, изјавувајки дека Соединетите Држави го признаваат Аласане Уатара за легално избран нов претседател. Обама оцени дека претседателските избори во таа земја во минатата година биле фер и демократски. Обединетите Нации соопштија дека над милион жители на Брегот на Слонова Коска ги напуштиле своите домови, страхувајки од граѓанска војна, бидејки Гбагбо одбива да ја предаде власта.
XS
SM
MD
LG