Достапни линкови

Еден час темница за планетата Земја


Стотици милиони луѓе во светот се очекува вечер, барем на момент да ги изгаснат светлата во домовите во знак на подршка на движењето за заштита на човековата околина Час за земјата. Во 20 часот и 30 минути, луѓето би требало да ги изгаснат светлата на еден час. Ова движење, кое започна во Австралија во 2007-ма година, се обидува да ја подигне свеста на луѓето за климатските промени и користењето на енергијата. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун упати апел сите да учествуваат во оваа акција.
XS
SM
MD
LG