Достапни линкови

ЕУ Самит за проблемите во еврозоната, нуклеарките и Либија


Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј

Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј

На самитот на ЕУ е постигната согласност за нов пакет анти кризни мерки – таканаречен Европски Стабилизационен Механизам во вредност од 500 милијарди евра. Тој ке може да се користи од 2013 година. Моменталниот фонд за финансиска стабилност изнесува 44о милијарди евра. Меѓутоа, како што јави ројтерс, лидерите беа присилени да признаат дека се соочуваат со нова закана од падот на владата во Португалија. Оставката на португалскиот премиер Хозе Сократес во предвечерието на самитот откако неговите економски мерки не беа прифатени од Парламентот во Лисабон фрлија сенка врз Брисел. Несигурноста и на членките на евро-зоната Финска и Ирска е дополнителен проблем. Еврото преживеа критичен тест, но има уште многу домашна задача да се заврши, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел. Европските лидери претходно се согласија да воспостават повисоки стандарди за нуклеарна безбедност и да воведат стрес – тестови на нуклеарките како против кризни мерки по кризата во јапонската Фукушима. Ова на самитот во Брисел каде доминираа економската криза и ситуацијата во Либија го изјави Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Во врска со Либија, лидерите на ЕУ, според францускиот претседател Никола Саркози покажале голема единственост во подршката на резолуцијата на ОН за зона за забранети летови над Либија.
XS
SM
MD
LG