Достапни линкови

Телалиан - Македонија не ја почитуваше спогодбата со Грција


Мариа Телалиан застапникот на Грција пред Судот во Хаг на продолжението од усната расправа рече дека Грција ги исполнила обврските од Времената спогодба и и овозможила на Македонија да се вклучи во политичко-економските процеси во регионот и пошироко. Наспроти тоа Македонија, додаде, прекршила со своето однесување повеќе членови од Спoгодбата со тоа што се мешала во внатрешните работи на Грција и охрабрувала и финансирала иредентистички активности.
Таа, меѓу другото, потсети и на продолжувањето на употребата на сонцето од Вергина за кое, вели Телалиан, македонската страна се обврзала дека нема да го употребува. Непочитување на спогодбата, се вели и подигнувањето споменици на Александар Македонски и Филип Втори, преименувањата на Коридорот 10 по Александар Велики и преименувањето на националниот стадион во арена Филип Втори, што и покрај противењето од Грција не е променето.
XS
SM
MD
LG