Достапни линкови

Македонско - турските односи традиционално пријателски


Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими министерот без ресор во Владата на Република Турција и главен преговарач на оваа земја за членство во Европската унија, Егемен Багиш.
За време на разговорот, како што информира кабинетот на Иванов, беше искажано задоволство од воспоставеното ниво на пријателски односи и соработка меѓу двете земји.
Претседателот Иванов ја искажа силната посветеност на Република Македонија за членство во Европската унија, како и целосниот ангажман за исполнување на сите неопходни критериуми што ќе и овозможат на Македонија да го продолжи започнатиот интеграциски пат во ЕУ.
Министерот Багиш ја повтори силната и безусловна подршка на Република Турција за евроинтеграциите на Република Македонија и рече дека двете земји треба да ја интензивираат соработката на овој план.
Претходно турскиот министер разговараше со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со Потпретседателот на Владата, Васко Наумовски.
XS
SM
MD
LG