Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО за кредитот од ММФ и изборите


Опозициската СДСМ бара Владата веднаш да ја повлече одлуката за искористување 220 милиони евра од кредитната линија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Убедени сме дека овие 220 милиони евра ќе се трошат за брутална политичка предизборна корупција и купување на гласови“,
рече денеска на прес-конференција Игор Ивановски, член на извршен одбор на СДСМ. Според него, „планот на власта за трошење на овие 220 милиони евра во предизборна кампања, е директно кршење на Законот за спречување на корупција и Изборниот закон“.
Зошто се прави задолжување ако се е во ред со буџетот и економијата како што тврди власта, праша потпретседателот на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ пак ги оцени обвинувањата на опозициската СДСМ за одлуката како уште една класична манипулација со јавноста.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „СДСМ се обидува да го дефокусираат вниманието од фактот дека вршат секојдневна опструкција на политичките процеси и си создава уште едно алиби за да не учествуват на изборите“.
- Не станува збор за нова одлука туку се работи за проектирано постапување на државата во согласност со потребите на буџетот кој што беше донесен пред повеќе од 4 месеци.
XS
SM
MD
LG