Достапни линкови

logo-print

Монографија „Шпато - музичка легенда“


Драган Ѓаконовски Шпато

Драган Ѓаконовски Шпато

„Шпато – музичка легенда“ е насловена монографијата на авторот Ванчо Димитров за славниот Драган Ѓаконовски Шпато, која беше промовирана на манифестацијата Денови на македонска музика.

Не случајно велат дека голем си колку што ти е големо делото. А, Драган Ѓаконовски Шпато бил гениј. Тој ги поставил темелите на нашата џез и забавна сцена и ја сместил Македонија на мапата на светските музички текови. За неговата творечка мисла доволно речовито говорат не само творбите како „На игранка“, која напишана во 1948 година неофицијално се смета за првата македонска џез композиција, Поздрав до оркестарот Гарача, потем Лени, Зар вистина е крај, Последен ден пред разделбата, Убава си како музика, Молчи една долина, Глас од далечината... туку и фактот штоШпато оформил и раководел голем број оркестри групи и ансамбли како Ритмичкиот секстет, Гудачкиот ансамбл, Забавниот
За него се говореше дека има извонреден слух. Со таа моќна алатка Шпато практично можел да чуе секаква мелодија и оркестрација.
оркестар и Биг бендот на МРТВ. Остварил огромно творештво од над 3.000 аранжмани, стекнувајќи реноме на досега ненадминат оркестратор.

„Беше крајно време да преминеме од некакви декларативни признанија за тоа што беше Шпато и каков беше неговиот придонес“, вели Ванчо Димитров, авторот на монографијата Шпато – музичка легенда во која тој се осврнува на приватниот и пред се, професионалниот живот на Ѓаконовски.

Драган Ѓаконовски Шпато

Во книгата се поместени голем број на фотографии и изјави на пријатели и соработници, а Димитров дополнува дека ја пишувал цели пет години и дека сакал да ги собере сите сеќавања од неговите современици.Тој вели дека и самиот имал можност да соработува со Шпато како член навокалниот квартет Импулси.

„Неговите дарби навистина беа големи, за него се говореше дека има извонреден слух. Со таа моќна алатка Шпато практично можел да чуе секаква мелодија и оркестрација. Она што малкумина го знаат е тоа дека тој беше исклучително работлив човек во чиј живот освен музиката не постеше ништо друго.“

По одличниот прием на монографијата, компилацијата со песни на Шпато и концертот со кој во организација на Сојузот на композиторите беа отворени Деновите на македонска музика. Димитров има намера да ја продолжи сторијата за легендарниот автор.

Ванчо Димитров, автор на монографијата за Шпато

„Приказната за Шпато не е завршена. Неодамна дознав дека во Кочани се пронајдени 30-тина негови аранжмани, што значи огромна дејност која била раширена низ цела Македонија се уште до крај не е истражена.“

Тој дополнува дека во големата четворка на македонски композитори покрај Шпато влегуваат и Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и Александар Џамбазов и дека и нивните животи и творештво треба да бидат преточени во вакви капитални изданија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG