За заедничка Македонија - Нови избори за крај на кризата
Неколку илјади поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска се обидоа да протестираат пред седиштето на СДСМ во Скопје, но улицата беше блокирана од полициски кордон. Тие рекоа дека решение на кризата е распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори. Велат дека нема да дозволат избор на претседател на Собранието кој не се откажал од таканаречената Тиранска платформа и оти нема да дозволат избор на влада врз основа на таа платформа.