Достапни линкови

Франција ја засилува безбедноста во пресрет на изборите


Вооружен напаѓач синоќа со автоматска пушка уби еден полицаец, а сериозно рани двајца во Центарот на Париз

Франција соопшти дека ја засилува безбедноста во пресрет на претседателските избори, откако синоќа во Париз беше убиен полицаец, во напад за кој одговорноста ја презеде Исламската држава. По денешната вонредна владина седница, премиерот Бернар Казнев рече дека за време на првиот круг на гласањето на 23 април ќе бидат распоредени 50 илјади полицајци и жандарми, а ќе патролираат и седум илјади војници. Вториот круг од изборите е закажан за 7 мај.

Напаѓачот синоќа со автоматска пушка уби еден полицаец, а сериозно рани двајца во Центарот на Париз, пред да биде убиен. Тој е опишан како 39-годишен Французин од предградие на Париз познат на безбедносните служби како исламистички радикал.

XS
SM
MD
LG