Достапни линкови

Локализиран пожарот во бараките во Скопје, нема повредени


Пожар во бараките на Завод за урбанизам во Скопје. Фото: novatv.mk

Пожарот кај напуштените бараки на Заводот за урбанизам во близина на средното градежно училиште Здравко Цветковски на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е ставен под контрола и нема повредени лица.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека не постои опасност пожарот да се прошири. Интервенирано е со 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Со пожарот беа зафатени три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

За време на гаснењето, пајак возила ги собираа паркираните возила во близина на пожарот.

Засега нема информации за причината за пожарот и колкава материјална штета е причинета.

XS
SM
MD
LG