Достапни линкови

Двајца убиени во руската ФСБ во Хабаровск


Илустрација: Шпиони

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека вооружен напаѓач убил двајца луѓе пред да биде застрелан во регионалните канцеларии на службата во градот Хабаровск на рускиот Далечен Исток. Напаѓачот влегол во зградата и почнал да пука во луѓето на пријавницата по што поминал низ безбедносната контрола, соопшти Федералната служба за безбедност. Напаѓачот убил вработен во службата и еден посетител, а еден посетител бил ранет. Властите соопштија дека напаѓачот е локален жител роден 1999 година, кој бил поврзан со неонацистички активности.

XS
SM
MD
LG