Достапни линкови

ЕУ се противи на руската одлука за Јеховини сведоци


Европската унија ја осуди одлуката на рускиот Врховниот суд да ја прогласи верската група „Јеховини сведоци“за екстремистичка организација и да ги забрани нивните активности.

Шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, денеска изјави дека одлуката на Судот може да предизвика кривични обвиненија против членовите на оваа група само затоа што веруваат во нешто.

„Јеховините сведоци“, како и сите други верски заедници, мора да бидат во состојба слободно да се собираат и без пречки да ја практикуваат верата, што е загарантирано со Уставот на Руската Федерација, а тоа се гарантира и со меѓународните обврски и стандарди за човекови права што ги има прифатено Русија, се вели во соопштението од ЕУ.

Одлуката на рускиот Суд ја осуди и организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч. Според нив станува збор за „ужасен удар врз слободата на религијата и правото на здружување во Русија“.

„Јеховините сведоци“, велат дека имаат околу170 илјади приврзаници и 395 локални филијали во Русија. Тие велат дека ќе се борат против пресудата.

XS
SM
MD
LG