Достапни линкови

Едно лице уапсено за нападот во Дортмунд


По нападот врз автобусот со членовите на фудубалскиот клуб Борусија во близина на Дортмунд, 11.04.2017.

Германската полиција уапсила едно лице осомничено за бомбашкиот напад врз автобусот со членовите на фудубалскиот клуб Борусија во близина на Дортмунд. Германските обвинители наведуваат дека неговиот мотив не бил терористички, туку финансиски. 28 годишниот германец со руско потекло кој е идентификуван само како Сергеј В. бил уапсен во квартот Тубинген. Тој, според наводите, го извршил нападот поради неговите очекувања дека на таков начин ќе падне вредоста на акциите на фудбалскиот тим Борусија. Еден фудбалер на овој тим и еден полицаец беа повредени во експлозијата на 11 април додека со автобус се превезувале фудбалерите на стадионот во Дортмунд на натпреварот со екипата на Монако.

XS
SM
MD
LG