Достапни линкови

Советот за безбедност пред нови санкции врз Северна Кореа


Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации остро ја осуди минатонеделната севернокорејска ракетна проба и се закани со нови санкции против Пјонгјанг за „дестабилизирачкото однесување во регионот“. Од Северна Кореа е побарано да не изведува натамошни нукеарни тестови. Резолуцијата на Советот предложена од Соединетите држави беше прифатена откако по инсистирање на Русија во финалниот текст било додадено оти е неопходно да се постигне мирно решение преку дијалог.

XS
SM
MD
LG