Достапни линкови

Врховниот суд во Русија смета дека „Јеховини сведоци“ се екстремисти


Седиште на „Јеховини сведоци“ во Русија.

Врховниот суд на Русија соопшти дека верската група „Јеховините сведоци“ треба да се смета за екстремистичка организација. Судот денеска издаде одлука, како одговор на жалба од страна на Министерството за правда. Ова е прв пат, според рускиот закон, да биде забранета цела регистрирана верска организација.

Одлуката особено се однесува на административно седиште на организацијата во Санкт Петербург, но ќе влијае и на работењето на организацијата на национално ниво. „Јеховини сведоци“ тврдат дека имаат 170 илјади следбеници во Русија.

„Јеховините сведоци“ се една од неколкуте цркви кои се под зголемен притисок од страна на руските власти во последните години.

XS
SM
MD
LG