Достапни линкови

Конститутивната седница продолжува утре


Собраниската конститутивна седница ќе продолжи утре. Пратениците од ВМРО-ДПMНЕ и коалицијата, попладнево во рамки на 15 продолжение на седницата главно преку реплики и контрареплики побараа од СДСМ да се откаже од платформата од Тирана, која беше главна тема и денеска, како и да се организираат брзи избори за излез од постојната криза.

Од СДСМ и коалицијата, пак, се воздржаа од реплики и процердурални забелешки.

Во репликите и контрарепликите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тиранската платформа ја оценија како постизборен инженеринг и кукавичко јајце кое, сметаат, треба да ја наруши изборната волја на граѓаните.

XS
SM
MD
LG