Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

XS
SM
MD
LG