Путин и Тилерсон со различни оценки за сирискиот режим
Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека се подготвувале лажни напади со хемиско оружје во Сирија во обид да се обвини сириската влада за користење хемиско оружје. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, пак, од самитот на Г7 во Рим го повика Путин да ја преиспита поддршката за сирискиот лидер Башар ал-Асад и да размисли колку таа долгорочно ќе им одговара на руските интереси.