Брутално полициско насилство на протестите во Минск
Стотици демонстранти беа насилно приведени за време на протестите против данокот за безработници во Белорусија. Полицијата не внимаваше на возраст, применуваше тортура, влечеше и приведуваше и помлади, но и постари граѓани кои се бунтуваа против овој нов данок за невработените во државата.