Аи Веивеи со изложба во Прага за бегалската криза
Бегалската криза е главната тема на новата изложба на кинескиот дисидент и уметник Аи Веивеи „Законот на патувањето“. Клучното дело на изложбата е 70-метарски гумен чамец со 283 фигури без лица. Ова е најголемо дело на Веивеи до сега и е посветено на бегалците кои загинаа на патот кон Европа.