Сопственикот на синџир аптеки и бензински станици, 49-годишниот Веселин Марешки, ги шокираше политичките посматрачи во минатиот ноември кога на претседателските избори со освоени 11 проценти од гласовите се пласира на четвртото место.
Од тогаш тој со популистичка и националистичка реторика допре до се понезадоволните бугари од неспособноста на пост комунистичките влади да се справат со корупцијата, сиромаштијата и криминалот.
Марешки кој порано беше сопственик на фудбалскиот тим „Локомотив“ од Пловдив, нуди неколку конкретни мерки, наведувајќи дека неговите 350 аптеки и 15 бензински пумпи се доказ дека може и да ги спроведе.
„Ние специјалистите, професионалците, технократите кои ќе ги замениме бирократите на овие избори точно го знаеме проблемот, знаеме како да го решиме и имаме волја да го направиме тоа“, вели тој.
Анкетите покажуваат дека Марешки нема да го повтори успехот на американскиот претседател Доналд Трамп, но се очекува да добие повеќе од пет насто од гласовите, доволно да игра важна улога во формирањето на новата влада.
Централно десничарскиот ГЕРБ се повлече од власта откако кандидатот на оваа партија ги загуби претседателските избори од Румен Радев, проруски сојузник на Социјалистичката партија.
Се очекува ГЕРБ да добие 31 процент, додека социјалистите 29 насто од гласовите.
Тоа значи дека партијата „Волја“ на Марешки, заедно со турската партија МРФ и коалицијата на националистички партии, Националниот фронт за спас, ВМРО и Атака, да се трка за место во новата влада.
Се чини дека Бугарија уште еднаш ќе заврши со поделен парламент кој ќе се мачи да формира влада која ќе биде способна да ги спроведе реформите, велат аналитичарите. Корупцијата ја доведе до најниско ниво довербата на граѓаните во институциите.
„Основната цел е борба, крешење на рбетот на корупцијата во Бугарија, затоа што всушност, започнувајќи како борци против картелите во комуникацијата со илјадници граѓани, стана јасно дека се започнува од зборот корупција. Таа создава и контрабанда, картели и монополи“, вели Веселин Марешки, самопрогласениот „бугарски Трамп“.