Достапни линкови

Четврта недела протести-не ни треба ЕУ и НАТО, туку попис


Илустрација-протести на иницијативата За заедничка Македонија

Илустрација-протести на иницијативата За заедничка Македонија

Со пораки „Трамп е херој“ „Не ни требаат ЕУ и НАТО, туку само попис“ „Немој да не лажете, нема да ви помине“ попладнево почна протестот на иницијативата „За Заедничка Македонија“.Организаторите најавија дека ќе се движат по истатата патека која ја нарекуваат “патека на државноста”, односно од Владата ќе поминат покрај канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и ќе завршат пред зградата на Собранието. Ова е четврта недела по ред во Скопје и други градови низ Македонија како се организираат протести за како што велат организаторите зачувување на унитарноста на државата. Претходно предводниците на протестите побараа утре да се сретнат со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан чија портпаролка Маја Коцијанчич најави дека тој нема да се сретне со нив, бидејќи овојпат комесарот ќе се сретнел само со политичките претставници. Иницијативата, пак, повикува на најмасовни протести утре за да му покажале на еврокомесарот и како што велат на домашните политички чинители дека никој не смеел да ги игнорира.


XS
SM
MD
LG