Достапни линкови

ФБИ ја потврди истрагата за поврзаност меѓу соработниците на Трамп и Русија


Вашингтон-директор на ФБИ Џејмс Коми сведочи во комисијата во американскиот конгрес

Вашингтон-директор на ФБИ Џејмс Коми сведочи во комисијата во американскиот конгрес

Директорот на ФБИ Џејмс Коми потврди дека има истрага за комуникацијата меѓу руски владини претставници и соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп. Коми ова го кажа денеска на сослушувањето воКомисијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што е едно од неколкуте сослушувања поврзани со руските акции за време на изборната американска претседателска кампања во 2016 година. Во своите почетни зборови пред комисијата Коми потврди дека има истрага која што е во тек. Директорот на ФБИ рече дека „нема информации“ кои ги поддржуваат наводите на Трамп дека неговата приватна канцеларија во Њујорк била прислушувана од неговиот претходник, поранешниот претседател Барак Обама. Американските разузнавачки служби објавија извештај во јануари во кој се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин наредил влијателна кампања за вмешување во претседателските избори.

XS
SM
MD
LG