Достапни линкови

Јапонија и Русија се заложија за поблиска соработка


Токио-министрите за надворешни работи на Русија и на Јапонија, Сергеј Лавров и Фумио Кишида, 20.03.2017

Токио-министрите за надворешни работи на Русија и на Јапонија, Сергеј Лавров и Фумио Кишида, 20.03.2017

Јапонија и Русија се заложија за поблиска економска и безбедносна соработка и така наречени “два плус два” разговори со што се гледа крајот на деценија долгото несогласување за малиот синџир острови. Еднодневниот состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана кој се одржа денеска во Токио е прв по иницијалната средба која се случи во ноември 2013 година. Тој доаѓа и во период на зголемени тензии во регионот откако Северна Кореја продолжи со лансирањето на балистичките ракети во јапонските територијални води. Долготрајната напнатост во врските меѓу Русија и Јапонија се зголеми во 2014 година откако Москва го зазема Крим и ги поддржи сепаратистите во источна Украина, а Јапонија се придружи кон западните земји во воспоставувањето санкции за Русија.

XS
SM
MD
LG