Достапни линкови

Соработник на РСЕ на суд во Крим


Новинарот на РСЕ Микола Семена

Новинарот на РСЕ Микола Семена

Соработник на Радио Слободна Европа ќе оди на суд во Крим,кој е нелегално анектиран од Русија, поради обвинение за текст во кој го критикува нелегалното заземање од страна на Москва на украинскиот полуостров. Во текстот тој изразува и поддршка за блокадата иницирана од украинските активисти. Судењето на Микола Семена е закажано да почне денеска во кримскиот главен град Симферопол. Тоа доаѓа во период на зголемен меѓународен притисок врз Русија да го повлече случајот против новинарот кој се соочува со пет години затвор ако биде осуден. Обвинението против 66 годишниот Семена е за текст од 2015 година напишан за кримскиот сервис на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG