Достапни линкови

Изјавата на Груевски за нападната држава - најкоментирана тема


Протест во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Протест во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Интервјуто на Груевски во кое вели дека државата е нападната и народот треба да ја спаси, протестите на „За заедничка Македонија“ и колумната за иселувањето на младите, предизвикаа најмногу коментари на нашите читатели. Пренесуваме дел од нив.

Поплава од коментари на веб-страницата на РСЕ по нашата информација за интервјуто на Никола Груевски за телевизијата Канал 5 во кое, покрај другото, кажа дека државата била нападната и народот требало да ја спаси. Горан Ристов веднаш го прашува:

„... од кого е нападната – па вие со вашата политика пола ја истеравте надвор... “

Крстески Лазар коментирал: „Стравот од соочување со правдата предизвикува лудило. Немој под закрила на лажен патриотизам и измислени опасности да го штитиш сопствениот криминал. Твоите должници и лековерните не ги вовлекувај во уште поголем амбис“.

Аце Божиновски вели: „10 години беше нападната. Време е малку да се ослободи.“ Но, Далибор Јовановиќ има друго мислење: „Се смени политиката. Сега Ле Пен ќе го повлече признавањето на Косово. Сорос е готов. Бејли во ќорка. Готови сте соросоиди... “ Торбеш Лабуништа му реплицира на Мики Милески кој вели дека затоа што Груевски ја истерал пола Македонија, „треба ли сега да ја дадеме да ја направат Голема Албанија“: „Мики, ние Албанците се залагаме за подобра економија, не за глупостите на Зијадин Села!“ – напишал Торбеш Лабуништа.

Џаџи Џ го обвинува Груевски дека шири омраза меѓу народот, а Фиданчо Петров го повикува да излезе само на еден ТВ дуел со Зоран Заев и да ја одбрани нападнатата Македонија. „Сега го бараш народот, а кога грабаше не мислеше на него“.

Во нашата младинска он-лајн колумна, Блажен Малески, истражувач во НВО Реактор, пишува за „Темната страна на македонската иднина“, имено, дека секој втор млад човек од земјава планира да си замине. Младен Марковиќ го додава и своето мислење во постот на нашата веб-страница:

„Сите млади ќе си заминат поради економски причини, но и поради општествениот живот. Никој не сака да го нарекуваат предавник само затоа што се дрзнал да мисли со своја глава“.

Има многу постови и по информациите за протестите „За заедничка Македонија“. Главно се негативни, со понекој позитивен збор како на пример: „Македонија вечна“ како што повторува во своите постови Деркоски Златко. Бошко Игњатов реплицира: „За Македонија да биде вечна треба криминалнава банда на власт да ги тргне валканите раце од овој напатен народ и да престане да го лаже и манипулира... “

И Иштреф Имирзалиоглу Алиев има слично мислење: „Како не ви е срам што ги браните мафијашите што ја искрадоа цела Македонија. Срамота од Европа што ве гледа!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG