Достапни линкови

Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана


Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман

Израел ја предупреди Сирија да не ја употребува нејзината противвоздушна одбрана против израелски авиони откако сиријците стрелале врз нив. Тие претходно нападнале конвој за кој се сомневало дака носел оружје за милитантната група Хезболах. „Следниот пат кога ќе го сторат тоа ние ќе ја уништиме сириската противвоздушна одбрана“, изјави министерот за одбрана Авигдор Либерман. Хезболах се бори на страната на сириските владини сили во шестгодишната граѓанска војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG