Достапни линкови

Нишани: Земјата е во состојба на високи политички тензии


Албанскиот претседател Бујар Нишани

Албанскиот претседател Бујар Нишани

Албанскиот претседател Бујар Нишани во обраќањето до нацијата оцени дека земјата се наоѓа во состојба на високи политички тензии и додаде дека секоја тензија е штетна за одржување на избори и спроведување на реформите. Поради тоа тој упати апел до политичките партии да најдат заеднички јазик и да ги надминат меѓусебните проблеми. Нишани посочи дека денот на изборите не е „во рацете на претседателот“ и оти нивното одложување може да се случи единствено со меѓусебна согласност на политичките страни. Во контекст на приближувањето на денот на изборите,18 јуни, Нишани ја нагласи одговорноста на Министерството за внатрешни работи за „гарантирање на инфраструктурата за локалната власт“.

XS
SM
MD
LG