Достапни линкови

Нормализирање на состојбата на аеродромот Орли во Париз


Франција - безбедносни служби на аеродромот Орли во Париз, откако се случи нападот. 18.03.2017

Франција - безбедносни служби на аеродромот Орли во Париз, откако се случи нападот. 18.03.2017

Летовите постепоно продолжуваат од вториот по големина аеродром во Франција, во пресрет на денешниот инцидент. Француските безбедносни сили застрелаа маж кој се обиде да земе оружје од војник на парискиот аеродром Орли, соопштија властите.

Тие напаѓачот го опишаа како 39-годишен француски државјанин, кој бил под истрага за поврзаност со радикален ислам.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру рече дека мажот и бил познат на полицијата и на разузнавачките служби и оти часови претходно бил вклучен во пукање во северно предградие на Париз.

Полициски извори беа цитирани како велат дека осомничениот, во медиумите идентификуван како Зијед Бен Белгасем, имал долго криминално досие, вклучително обвиненија за дрога и вооружени грабежи.

Полицијата го пребарувала неговиот дом во североисточен Париз, а биле испрашувани неговиот татко и брат, се вели во извештаите.

Рано утрината осомничениот бил запрен на контролен пункт во предградие на северен Париз, по што пукал со пиштол и повредил полицаец.

Тој потоа побегнал со автомобил кој подоцна го напуштил јужно од главниот град и украл уште еден автомобил, кој подоцна бил најден на аеродромот Орли.

Во 8 и 30 часот осомничениот влегол во аеродромот Орли, каде се обидел да го зграби оружјето на жена војник во исклучително насилен напад, рече армискиот портпарол, по што двајца војници отвориле оган и го убиле.

XS
SM
MD
LG